Адвокат Никола Наџаков

Адвокат Никола Наџаков



Правно застапување

е специјализиран за правно застапување на клиентите пред сите судови во Македонија и тоа во:
– стопански спорови,
–  граѓански спорови,
–  недвижности и градежништво.
–  работни спорови,
–  спорови за наплата на штета,
–  управни спорови,

а обезбедува и консултантски услуги од областа на стопанското, трговското и корпоративно право.

Биографија и искуство

-Роден на 05.10.1966 година во Штип.
-Дипломирал на Правниот факлутет во Скопје јуни 1991 година.
-Веднаш по дипломирањето кариерата ја започнува како адвокастки приправник, кај Адвокат Јорданчо Маџунаров од Штип  во период од од 1991 до 1994 година.
-Правосуден испит положил во 1996 година.
-20  јануари  1997 година е впишан во Именикот на адвокати при АКРМ на  20  јануари  1997 година со број на лиценца 1033, па до ден денес непрекинато се бави со Адвокатура.
-Активно се вклучува во работата на Адвокатска комора на Македонија

1998 – Избран е за Делегат на Собрание на Адвокатска комора
1998 – Избран е за член на Управен одбор на Адвокатска комора со мандат во траење од 4 години. Како член на Управниот одбор, обавува разни одговорни функции преку комисиите на Комората, а во повеќе наврати ја преставува Комората пред мегународни адвокатски организации и активно учествува во соработка со повеке Адвокатски комори од земји од  Балканот и  од Европа.

2002 – Повторно е избран за делегат на Собрание на Адвокатска комора во

2002 – Повторно е избран за Член на УО на АКРМ со нов мандат во траење од 4 години и ова функција ја обавува се до 2006 година.

Во овој мандат дава свој личен придонес во работење на Комората низ активното учество во неколку нејзини комисиии, особено во Нормативната комисија која го изработи Закон за адвокатура и сите останати подзакон ски акти за негова примена.

2006 година повторно е избран за Делегат на Собрание на Адвокатска комора добива мандат од 4 години.
– Од 2015 склучува договор со Централен регистар на Р.Македонија како регистрационен агент за уписи за основање и промени на правни субјекти во Трговскиот регистар.
– 2016 година е избран за Арбитер на Постојаниот избран суд – Арбитража, при Стопанска комора на Република Македонија, а како Арбитер одлучувал во неколку арбитражни предмети.

– Во 2016 година е избран за член на Претседателтвото на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Република Македонија ова функција ја обавува до денес.