Адвокатската канцеларја на Адвокат Никола Наџаков е основана и започнува со работа на 20.01.1997 година со седиште во Штип, Република Македонија.
Од формирањето во 1997 година за кратко време стана една од водечките адвокатски канцеларии во Штип и работи непрекинато до денес. Нашиот успех произлезе од волјата на клиентите да ни ги доверат нивните најважни правни и деловни прашања во овој динамичен пазар, како и значајни судски спорови.
Од основањето до денес низ канцеларијата својот приправнички стаж го имаат обавувано повеке од 25 адвокатски приправници и адвокатски стручни соработници. Со гордост можеме да истакнеме дека тие денес се успешни адвокати, судии, инспектори, директори на јавни институции, и други …
Во своето работење Канцеларијата остварува професионална соработка со неколку Адвокатски друштва и Адвокатски канцеларии од Скопје, Куманово, Велес, Струмица, Битола и Тетово.